До недела ќе преовладува умерено облачно и потопло време со услови за краткотраен дожд, денес во планинските подрачја, а за викендот претежно на истокот од земјава. Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 29.08.2021
Минимална температура: 14°C до 21°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Сончево со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд во планинските делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој попладне вдолж Повардарието ќе се промени во северен и ќе засилува. УВ=7

Прогноза за 30.08.2021
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 32°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=7

Прогноза за 31.08.2021
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 26°C до 33°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=7