Во СВР Скопје на 30 октомври 2026 година, во 20:30 часот, 74-годишен жител на Скопје пријавил дека од неговото товарно возило му бил одземен пиштол „глок“.
Според пријавеното, настанот се случил на 25 октомври, околу 03:30 часот, на подрачјето на општина Чаир. Товарното возило од кое бил одземен пиштолот не било заклучено.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.