На 30 октомври 2026 година, во 17:30 часот, на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 26-годишен жител на главниот град, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“.

Полициските службеници постапиле по претходно поднесени пријави дека 26-годишникот одзел велосипеди, по што бил приведен на подрачјето на скопската општина Карпош.

По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.