На 29 октомври 2026 година, во 18:42 часот, во СВР Скопје, 67-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 16:40 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице фрлало камења кон неа, при што ѝ нанело телесна повреда.
Според пријавеното, на инцидентот му претходела ситуација во која лицето фрлало камења и земја на улица што требало да се асфалтира. Жената го опоменала и се обидела да го сними со мобилен телефон, по што лицето почнало да фрла камења кон неа.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.