ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 49-годишник од дебарското село Хаме поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.
При контрола во патниот сообраќај на улица „Елена Ѓика“ во Дебар, полициски службеници сопреле патничко возило „шкода“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал пријавениот, при што било констатирано дека вршел такси-превоз на патници без лиценца издадена од надлежен орган.