Возачите кои се движат по експресниот пат меѓу Градско и клучката Дреново треба да сметаат на привремени промени во сообраќајниот режим поради санација на асфалтот. Според утринските сервисни информации, градежните активности се предвидени да траат до 31 декември.
Сообраќајот на делницата ќе биде регулиран и пренасочуван согласно потребите на работниците на терен. Дополнителна внимателност е потребна и поради дождливото време, особено на патните правци каде што постои опасност од одрони.
Според утринските информации, на граничните премини од македонска страна нема подолги чекања за влез и излез од земјата.