На 24.11.2026 во 13:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чашка лишија од слобода 34-годишник од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 26-годишна вонбрачна сопруга.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.