Под влијание на серија на влажни бранови до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во петок пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места.

Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.