Вработените во правосудството во четврток и петок ќе ја прекинат работата два часа, од 10 до 12 часот.

Велат дека 95 проценти од институциите исплатиле плата под минималецот од 18.000 денари, а другите 5 проценти или не исплатиле или исплатиле плата со грешки. Од Синдикатот на УПОЗ во кој членуваат работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани, бараат исплата на минимална плата за сите и усогласување со минималецот за останатите вработени – односно повисоки плати за 2.806 денари.

„Ќе има прекин на работата. Известени се и Владата и министерства, сите работодавачи. Ги замолувам граѓаните на трпение, не е многу, два часа се“, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на денешната прес-конференција предупредувајќи дека тие два часа можат да пораснат и да бидат осум часа прекин, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејаноски на денешната прес-конференција.

Тој пред новинарите истакна дека само вработените во управата и праводуството земаат плата под минималната, што го зголемува незадоволство. Најави дека протестот ќе трае се додека надлежните не ги повикаат на преговори со цел да се договорот за исплата на минималецот и усогласување и на останатите плати со него.