Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ објави проглас на социјалните мрежи со кој ги повикува граѓаните на 27 април на протест за ослободување на „уставобранителите“ .

Со ваквиот повик ВМРО-ДПМНЕ повторно ги манипулира граѓаните и ги подбуцнува на насилство исто како што тоа го направи пред пет години, кога негови подржувачи заблудени од тогашното раководство на партијата насилно влегоа во Собранието на Македонија, тепаа пратеници и новинари, подготвени и да ги линчуваат. Заведени дека го бранат Уставот, тие всушност сакаа насилно да го урнат уставниот поредок. Голем дел од нив завршија во затвор, а лидерот избега во Унгарија.

Со овој повик ВМРО-ДПМНЕ докажува дека во нивната идеологија ништо не е сменето и дека остануваат партија која го манипулита народот и го тера да го повтори делото од 27 април 2017 та година. Имено од реакцииите на дел од подржувачите се гледа дека кај нив сеуште има желба за радикалнизација на протестот., кога извикуваат:

„Каков протест бре!! Револуцијааааа!“

„Потребен е сенароден и семакедонски протест во Скопје, пред Влада и Собрание, па макар и бескомпромисна револуција.“

„Апсолутна поддршка и за овој настан, но, за да вроди со плод, мораме поконкретно, посмело, поодлучно, помакедонски.

„Да се судат тие што ги осудија без причина“

Ова не е ништо друго туку повик за уште еден упад во Собранието и нелегално уривање на легитимната власт.

Од ова очигледно се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ повторно сака да предизвика немири од кои потоа ќе се оградува, како и во 2017 оставјќи го народот сам да се сочува со правдата и да ги сноси послдиците од делото.