ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски во општина Аеродром во постојано ја докажуваат сопствената неспособност, обвини Баварчиќ
Vestiplus.mk
Локално

ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски во општина Аеродром во постојано ја докажуваат сопствената неспособност, обвини Баварчиќ

Изјава за медиуми, Драган Баварчиќ, секретар на ОО СДСМ Аеродром

Тимчо Муцунски во континуитет продолжува со негрижата за општината, а урбаниот хаос, негрижата за отпадот и уништувањето на зеленилото стануваат секојдневие за граѓаните од Општина Аеродром.

Лицемерието на Муцунски по кој знае кој пат се потврдува и со изградбата на булеварот Васко Карангелески. Да потсетиме, Муцунски пред неполни две години протестираше заедно со Левица и ЗХГ против изградба на овој булевар, пред само два дена се сликаше на булеварот гордо најавувајќи ја неговата завршницата.

Муцунски ветуваше и дека граѓаните ќе имаат чиста и зелена општина. Спротивно на тоа, секојдневно сме сведоци на расфрлан отпад, неисчистени контејнери, нечисти паркови, искршени клупи и канти за отпадоци. Но, затоа Муцунски секојдневно го гледаме како си води централна политика, а обврските за кои зема плата од граѓаните на Аеродром остануваат незавршени.

Градоначалникот Муцунски ја задолжи општината за прв пат од нејзиното основање. Од најбогата општина, Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ со нивната неспособност придонесоа Општина Аеродром да тоне во долгови со обврзница од 5,4 милиони евра, пари кои граѓаните на Аеродром ќе ги враќаат во наредните 10 години со 5% годишна камата.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ и Муцунски во општина Аеродром во континуитет ја докажуваат сопствената неспособност.
Ветуваат пред избори едно, а по изборите прават сосема друго. Тоа е препознатливиот начин на работа на ВМРО-ДПМНЕ, како на локално, така и на централно ниво.

Можеби ќе ве интересира...

(ВИДЕО) Возач на автобус со порака до директорот на ЈСП: Те молам врати ме на линија

Vesti +

СДСМ: На Лисиче му се закнува бетонизација со 12 катници, Муцунски да го повлече спорниот ДУП

Vesti +

Герасимовски: Преку „Екопикник“ ги промовираме и поддржуваме домашните производители

Vesti +

Костадинов: Градежната офанзива, денеска, понеделнички, продолжи на улицата „Браќа Минкови“, каде се довршуваше поставувањето втор слој асфалт на потегот од улицата „Младинска“ до улицата „Ката Поцкова“

В+

Коце Трајановски се правда за паднатиот ѕид: Не е проектиран да биде брана

В+

Средното општинско медицинско училиште Гостивар со нова фасада

Vesti +