Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, по влажни коловози, според информациите на АМСМ пренесени во утринскиот извештај. Интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјата. АМСМ посочува можност за одрони низ клисурите и речните долини, поради што возачите треба да ја приспособат брзината и да ја следат поставената сигнализација.