СВР Куманово поднесе кривична пријава против 62-годишник од с. Младо Нагоричане, Општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 09.08.2026 во куќа во с. Младо Нагоричане физички нападнал 48-годишник од Куманово, нанесувајќи му тешка телесна повреда.