На 03.11.2026 во 18:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 27-годишник од Скопје по претходна пријава дека најпрвин во автобус физички нападнал неколку патници, како и возачот, на кого се обидел да му го одземе и мобилниот телефон, по што излегол надвор од автобусот и оштетил патничко возило, а откако пристигнала полицијата физички нападнал полициски службеници.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.