Спасовски објави видео од насилството од синоќа извршено кон полициските службеници – апелира вечерва протестите да бидат мирни.

– Апелирам до сите граѓани кои сакаат да изразат незадоволство преку протест, тоа право да го искористат на демократски начин и притоа да не дозволат да бидат изманипулирани како што беа некои други и да нападнат полициски службеници или витални објекти. Секој напад ќе биде најстрого санкциониран. Посебен апел до сите политички субјекти во државата на одговорен однос, бидејќи тие се задолжени да бидат и најодговорни. Протестот е демократско право и може да организираат, но никако не смее да организираат насилства и рушење на државата и уставниот поредок.

Сите заедно треба да придонесеме кон заедничкиот мир, кон заедничката безбедност и стабилност, напиша Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на социјалните мрежи.