Откако нејзиниот сопруг ја критикуваше дека не прави ништо, Линдзи Донели реши навистина да престане да се занимава со домашна работа. Два дена не чистела по децата, не ги отстранувала валканите алишта од подот, не ги миела садовите и не ја чистела куќата.

Наместо тоа, таа замина на краток одмор со своите пријатели.

Очекувано, два дена беа доволни за да настане општ хаос во домот на ова семејство.

Таа објави видео на TikTok во кое покажува како изгледала куќата по само 48 часа.

Нејзиниот сопруг сфатил дека не е во право и ѝ се извини, а видеото за одмазда на TikTok собра повеќе од 18 милиони прегледи.

@lindsaydonnelly2 Then I left town for a girls trip… #marriagehumor ♬ Karma (feat. Ice Spice)