Пролетта е идеално време за промени, за чистење на домот од излишни работи, но и за расчистување на умот од лошите мисли и стресот.

Со воведување ред во животот и поврзување со природата и луѓето околу вас, создавате пат кон посреќен и попозитивен живот. Дефинитивно треба да ги направите овие две работи.

Уредете ја градината
Размислете колку сте среќни и благодарни за парчето земја што го имате до вашата куќа. Искористете го ова и засадете нови растенија, без разлика дали се само украсни или за подготовка на оброци. Со грижата за растенијата, вие всушност се поврзувате со земјата и ги чистите вашите мисли од лошата енергија.

Доколку немате градина затоа што живеете во стан, направете мала зелена оаза на балконот или во добро осветлен дел од куќата. Важно е да сте опкружени со растенија за кои редовно се грижите.

Донирајте вишок работи
Еден од најдобрите начини да се справите со насобраните работи во домот кои всушност ве задушуваат е да ги дадете на некој кому му требаат. Вклучете се на работа и темелно проверете ја целата куќа, сите кабинети и фиоки. Одделете ги работите кои се долго време со вас, бидејќи ги чувате под изговор „можеби ви требаат“.

Вишокот облека, обувки, кујнски прибор, мебел, ќебиња, играчки, храна… некому добро ќе му дојде, особено во денешно време кога многу луѓе едвај врзуваат крај со крај.

Прашајте кои здруженија им помагаат на таквите луѓе или погледнете поблиску околу вас, можно е некој на кој му требаат овие работи да живее многу блиску до вас.