Град Скопје ги известува граѓаните дека в среда (1.9.2021 година) ќе се врши авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на град Скопје против ларви од комарци.

Авионското прскање против ларви од комарци ќе се реализира во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, пак, ќе се реализира на 1.9.2021 година во текот на денот.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.