Утрово во вооружена престрелка во населбата Топанско Поле општина Чаир убиено е едно лице.

На 01.09.2021 година во 09:21 часот пријавено е дека во населба Топанско Поле во близина на бензинска пумпа било пукано во Е.Б. кој починал од повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.