Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено во горниот дел од Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб локален дожд претпладне. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 12 степени.