Како што соопшти полицијата вчера попладне во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал И.Д.К.(42) од Сојузна Република Германија, со патна исправа на САД, а со престој во Скопје, велат од МВР.

Полицијата соопштува дека мажот бил пронајден паднат во станот во кој живеел, по што бил пренесен во болницата, каде што починал. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти полицијата.