На 03.11.2026 во 16:10 часот, врз основа на телеграма од СВР Тетово, полициски службеници од ПС Ѓорче Петров лишиле од слобода 30-годишен маж од Скопје, поради основано сомнение за сторени кривични дела „демнење“ и „загрозување на сигурноста“, пријавени претходниот ден од неговата 34-годишна поранешна партнерка од Тетово.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.