На 28.11.2026 околу 10:30 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 09:10 часот во установата бил пронајден починат 27-годишен жител на Прилеп.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судската медицина за обдукција.