На 03.11.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица која го поврзува паркинг просторот со ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 48-годишен маж од Скопје, управувајќи патничко возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, удрил во 57-годишен пешак од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.