На 25 ноември 2026 година во 16:00 часот, 55-годишен скопјанец пријавил во СВР Скопје дека на 13 септември 2026 година, околу 17:00 часот, бил физички нападнат на подрачјето на општина Аеродром.

Според пријавеното, нападот го извршило лице што тој го познавал, а притоа му биле нанесени тешки телесни повреди.

Повредите, како што се наведува во полицискиот билтен, биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.