Денеска, 31 октомври 2026 година, во 01:10 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во атарот на селото Трубарево, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 33-годишен жител на селото Батинци, изгубило контрола и излетало од патот, по што влегло во дворно место на семејна куќа.
Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобиле 33-годишниот возач и неговиот 39-годишен сопатник од Скопје. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.