Како што соопшти полицијата синоќа во 22.40 часот било пријавено дека во Скопје на улицата „Аминта Трети“ пред крстосница со ул.„Ристо Шишков“ , „дачија логан“, управувано од К.К.(41) од Скопје удрило во мотоцикл „кавасаки“, запрено од Ѓ.С.(34) од Скопје.

Двете возила биле со скопски регистарски ознаки.

Во сообраќајката со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, вели полицијата.