Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска (10.12.2021) оствари работна средба со амбасадорот на Република Србија во нашата земја, Н.Е. Невена Јовановиќ.

На средбата, на која што присуствуваше и помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции Маринко Кочовски, министерот Спасовски и амбасадорката Јовановиќ ја оценија досегашната полициска соработка меѓу двете земји на највисоко ниво.

Притоа, обострано беше констатирано дека од взаемен интерес е тоа партнерство, кое и генерално е позитивно на сите други нивоа на меѓудржавна соработка, и во иднина интензивно да се продлабочува во различните сегменти на заедничко полициско делување, особено во поглед на регионалната меѓугранична соработка и миграциите.