„2020 година во многу сегмети беше една од најдобрите години за МВР, а во 2021 година имаме дури и подобри резултати од тогаш. За кратко време ќе биде објавен целиот извештај за работењето на МВР за 2021 година, но резултатите покажуваат опаѓање во делот на кривичните дела“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Канал 5.

Тој додаде дека вкупниот број на кривични дела во 2021 е помал од тој во 2020 година, а само на територијата на Град Скопје изминатата година биле уапсени 297 лица барани со потерници.

Помеѓу приоритетите на МВР, Спасовски ја истакна и борбата против корупцијата и додаде дека земјата бележи раст на Индексот на перпцеција на корупција, што значи дека јакне јавната свест и институциите ги извршуваат своите задачи.

„Борбата против корупцијата е наш врвен приоритет, а за тоа говори и напредокот на Иденксот за перцепција на корупцијата“ рече Спасовски.