„Подобрувањето на инфраструктурата и човечките ресурси во безбедноста се меѓу врвните приоритети. За да имаме ефикасност мора да имаме мотивирани полициски службеници. Токму затоа денес го промовираме 72. реновиран објект, со што исти така се вклопуваме и во целите на Владата за енергетска ефикасност“ рече минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека капитални инвестиции мора да има и во време на криза со цел да има потрошувачка, но потенцираше дека треба да се штеди на луксуз, репрезентации, мобилни телефони.

„Ние штедиме на непотребни трошоци, но она што е потребно за работа мора да се направи. Реновираните објекти се со сите стандарди кои значат и енергетска ефикасност. Со тоа се штеди на смеките за електрична енергија, што на крај е добро и за граѓаните и за државата“ рече Спасовски.

Министерот додаде дека возниот парк на МВР не е во добра кондиција, но дека за евентуална набавка на нови возила за оперативна работа ќе мора да се одлучува на владина седница, бидејќи е донесена одлука за рестриктивни мерки.