„Тажно е ако Унгарија ни останала, според зборовите на Мицковски, нашиот единствен пријател меѓу членките на ЕУ“ вели професорот и поранешен амбасадор Ѓорѓи Спасов во интервју за „Рацин.мк“.

Тој додава дека очекувал дека кога дошол Орбан во посета на Македонија дека Мицкоски ќе го праша за здравјето и за азилот на Груевски, кој во меѓувреме САД го ставија на црната листа.

„Мислев дека е редно или да му се изрази благодарност за таа услуга или да му се каже дека веќе кај нас не постои режим, нема политички прогон и на Груевски ќе му се гарантира фер судење, а тоа значи дека веќе не му е потребен азил и Унгарија треба да постпаи според барањето за екстрадиција“ рече Спасов.

Поранешниот амбасадор додава дека можеше и да го праша што беше работата со судените и осудените за шпионажа во корист на Унгарија кај нас и дали сѐ уште некој не шпионира во корист на Унгарија и зошто.

„Или зошто неговиот амбасадор во Советот на Европа гласал за одвојување на Албанија од Македонија на европскиот пат, кога Орбан мисли дека тоа било лоша идеја“ вели Спасов.