На барање на Русија, Советот за безбедност на ОН заседава во Њујорк за биолошките активности на САД на територијата на Украина.

Ова дојде откако руските вооружени сили на 7 март објавија дека откриле 30 биолошки соединенија во Украина посочувајќи дека објектите, најверојатно, се вклучени во производството на биолошко оружје.

„На руското Министерство за одбрана му беа достапни документи што потврдуваат дека во Украина е формирана мрежа од 30 биолошки лаборатории за подобрување на патогените својства на смртоносните болести, вклучително и чума, антракс, туларемија и колера“, изјави постојаниот претставник на Русија во Советот за безбедност на ОН, Василиј Небензја.

„Го свикавме денешниот состанок затоа што руското спроведување специјална воена операција во Украина откри навистина шокантни факти за итно чистење на режимот во Киев од трагите на воено-биолошката програма што Киев ја спроведува со поддршка на Министерството за одбрана на САД“, порача тој.

Американскиот државен потсекретар, Викторија Нуланд, претходно призна дека Украина е домаќин на „биолошки истражувачки капацитети“.

Таа изрази загриженост дека тие би можеле да дојдат под контрола на руските сили. Сепак, Вашингтон негира дека имало какви било истражувања насочени кон создавање биолошко оружје.