На 25 ноември 2026 година во 21:35 часот, на автопатот Скопје–Тетово, кај наплатната станица Желино, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 25-годишен жител на Скопје.
При сообраќајна контрола полицијата сопрела патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал 25-годишникот.
По извршените проверки било констатирано дека возачот управувал со автомобилот иако имал изречена активна забрана за управување со возило.
Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.