СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца жители на селото Желино, тетовско, на возраст од 42, 58 и 30 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Според информациите од полицијата, на 10 април 2026 година, по претходно недоразбирање во сообраќајот, дошло до физичка пресметка меѓу тројцата пријавени.
Во текот на пресметката биле употребени дрвени и остри предмети. По документирањето на случајот, СВР Тетово поднесе кривична пријава против сите тројца учесници во инцидентот.