На 15.04.2026 во 13:40 часот во ОВР Неготино е извршен службен разговор со лице(21) од Неготино поради основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво по член 350 од Кривичниот законик, односно дека во армискиот полигон Криволак ги снимал и фотографирал возилата во конвој на АРСМ и ги објавил јавно на платформа на социјална мрежа, со што ја нарушил безбедноста и тајноста на активностите кои ги реализира армијата.
За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.