Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Утринските температури во земјава се движат од 0 до 9 Целзиусови степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 8 до 13 степени. Временските услови ќе бидат променливи, со облачност и повремени врнежи на одделни подрачја.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.