„Со двата коридори кои ги пробивме и со Бас рапид транзитот, Скопке ќе стане град со најголема пешачка зона во Европа во следните три години. Тоа е визија за Скопје и тоа е модерно и европско Скопје“ кажа кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов на граѓанскиот собир во Карпош.

Градоначалникот на Град Скопје додаде дека се кради коридорот од Аеродром, каде што мостот е веќе готов, до половина е завршен тунелот кај Лимак, а се гради и мостот во Карош 4 со што се решаваат долгогодишни сообраќајни проблеми во Скопје.

„Конечно после 40 години, распишан е тендер и за Бас рапид транзит. Ова е државен проект, помогнат од Владата. Она што 40 години нашите претходници и она што 27 години ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го направи, ние за 2 и пол години го доведовме до реализација“ кажа Шилегов.