Минатите 27 години, градот не нудеше развој. Недостатокот на информации во сериозни сегменти едноставно ги тераше луѓето да побараат квалитетен живот таму каде што се нуди урбана структура, вели градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов во гостувањето на емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ.

Тој додаде дека градот се шири кон Кисела Вода, Дебар Маало и почетоци во Карпош затоа што ние немаме други места каде што градот би можел да се шири и развива и тој треба да продолжи така.

-Мораме да влеземе во реализација на ГУП од 1965 година и тоа се случува, потенцира Шилегов, реплицирајќи му на кандидатот на Левица, Петар Георгиевски дека „од црни кошули излегуваат лесни зборови“.

-Тоа е нешто што всушност го краси незнаењето, на тоа каде е местото на градот и кои се неговите ингеренции. Скопје во постапката на издавање градежни дозволи не е странка. Странки се општините и субјектите кои што градат, информира Шилегов.