Борбен авион на американските воздухопловни сили Ф-16 Фајтинг Фалкон денеска се урна во западна Луизијана, изјави портпаролот на локалната полиција.

Авионот се урнал во шумска област без жители, јавуваат американските медиуми.

Ф-16 бил на тренинг лет во воен воздушен простор подалеку од населени места.

Воздухопловните сили на САД минатата година претрпеа три несреќи со авиони Ф-16.

*фотографијата е илустративна