Поради расправија за паркинг место, скопјанец му се заканувал со пиштол на 40-годишен маж.

Според информациите, инцидентот На 09.05.2023 во 18.00 часот во СВР Скопје, К.К.(40) пријавил дека околу 16.00 часот на паркинг простор на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, по претходна расправија, едно лице му се заканувало со пиштол.

Во врска со настанот во полициска станица бил извршен службен разговор со едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.