Соопштение на СДСМ:
Прашува банда: зошто тие би сакале да се смени Филипче, кога редовно губел? Дилемата им ја решаваме, исто и на арамијата.
Венко Филипче не изгубил ниту едни избори. Изгубија нивните платеници шемаџии. Оние што ги плаќаат 1,6 милиони евра. Тие се предадоа без борба. За личен интерес.
Левица како руска партија сега им треба како лажна опозиција. Сателит што ќе земе гласови тврдејќи дека е опозиција, а всушност ја исполнува руската агенда. ВМРО-ОКГ – српска. Левица – руска.
Мицкоски како руски прокси играч има далечински управувач за Левица. Сложно, по план и програма на туѓи служби и интереси на други држави.
Ако некому уште не му е јасно зошто ВМРО-ОКГ ја „гушка“ таканаречената опозиција Левица: партија за ништо, освен за анти-ЕУ пропаганда, анти-НАТО наратив и против стратешкиот партнер Америка.
Партија-алиби кога арамијата не смее да признае дека во буџетот нема пари. Партнер и другар на шефот на бандата.
Членовите и гласачите на Левица нека се запрашаат: дали елитата на таа болшевичка партија има тендери како шемаџиите?
Работата е едноставна. Повеќе не мора да се објаснува. Народот не е наивен.
Левица е идеолошки хибрид: радикално-левичарска, марксистичка реторика и македонски национален суверенизам – читај десница.
Неспоив спој. Позиции што природно не одговараат на иста страна. Составена за да му биде штит на Мицкоски. Од една страна превзема националистичка реторика и „заштита на националниот идентитет“ – главната лага, предизборното ветување на арамија Мицкоски опкружен со бугарски пасоши и усогласена со политиките на ВМРО-ОКГ.
Од друга страна влече дел од левичарскиот блок и гласови од СДСМ.
Зар тоа не се вика сателит? „Спутник“ на Мицкоски.
Кога СДСМ не постои, не е важен, зошто сите го напаѓаат СДСМ?
ВМРО без прекин, во секое соопштение – Заев, Филипче, зошто сите сателитите на Мицкоски (ЗНАМ, Левица, платформата) го напаѓаат само СДСМ? Зошто е ова 100-ти обид за поделба на СДСМ со платени, уценети, истрошени, компромитирани и стари ликови од СДСМ?
Зошто против почитуван професор, доктор, неврохирург, претседател на партија, се води секојдневна црна кампања, и тоа пред неговите пациенти и студенти?
Зошто „др. Менгеле“, „Дубаи“, „Харис“ и останатите измислици на Латас ако рејтингот е низок?
Нека се запрашаат граѓаните.
Ете го одговорот на прашањето на ВМРО-ОКГ. И таа дилема да им ја расчистиме. Како што му ги расчистивме и на арамијата.