Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Талир 2 значи правда за епскиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ и Белиот дворец

Пресудата за случајот Талир 2 е последната потврда за епскиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата ги крадела граѓаните, трупала имот, луксуз и пари на незаконски, криминален начин, додека граѓаните тонеа во сиромаштија и долгови, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека низ судски процес базиран на докази и сведоштва се докажа дека биле злоупотребени милионски суми на пари, дека грубо биле прекршени законите за ВМРО-ДПМНЕ денес да биде една од најбогатите партии во Европа.

Криминалната шема за Белиот дворец е драстична, безобразна и од епски размери, но со последната пресуда исправена е уште една неправда.

И по последната пресуда исто како и по претходните против функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски наместо да се извини и да ги осуди незаконските постапки, тој упорно останува во одбрана на криминалот.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е криминална партија се уште управувана од осуден криминалец, Никола Груевси, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира...

Герила акција: АСНОМ e избришан од Уставот, ама само во лагите на социјалните мрежи

В+

двајца крадци, украденото вратено на сопственикот

В+

374 санкции за брзо возење

Vesti +

Ковачевски – Петков: Новата динамика во комуникацијата на работните групи дава оптимизам

В+

Министерството за финансии: И во 2022 година поддршка за станбен кредит преку проектот „Купи куќа, купи стан“

В+

Украинската армија тврди дека ги победила руските сили на периферијата на Киев и убила руски командант таму.

В+