Соопштение на СДСМ:

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци од мандатот не сработеа ништо за општините и за граѓаните.

Не исполнија ниту едно ветување, не реализираа ниту еден проект. Првите шест месеци од мандатот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се изгубени месеци.

Затоа Христијан Мицкоски, во очај, промовира проекти на градоначалниците од СДСМ.

Во главниот град, Скопје, како да нема градоначалничка. Ништо не се работи, ниту едно ветување не е исполнето,а проектите од претходниот градоначалник или се закочени или нема капацитет да ги доврши.

Нема бесплатен јавен превоз во Скопје, нема нови 250 еколошки автобуси, нема нови паркови, не се исчистени депониите.

Арсовска го стопираше проектот за брз транспорт во Скопје, БРТ, со месеци не може да го заврши мостот во Аеродром, улиците Есенинова и Васко Карангелески, клучката во Визбегово.

Дури и директорите кои таа ги назначува и заминуваат на секои 2 месеца.

Граѓаните шест месеци ја гледаат неспособноста и неработата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа Мицкоски се заканува со блокади и зборува за предвремени парламентарни избори во време на најголема криза. Многу добро знае дека разочарувањето кај граѓаните од локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ е големо.

СДСМ, заедно со граѓаните, нема да дозволи блокадите и деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја загрозат иднината на државата.