Реакција од СДСМ на прес-конференцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ:

Никакви конструкции нема да му обезбедат алиби на ВМРО-ДПМНЕ за поразот што го очекува на изборите

ВМРО-ДПМНЕ соочени со извесен пораз на претстојните избори уште сега почнаа со конструкции и лажни вести да бараат алиби за дебаклот што ги очекува на 17 октовмри.

Соработка со криминалци е заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ, партија заглавена во безидејност, останата во режимската матрица, која години на ред ја држеше државата заробена, а институциите ги претвори во филијали на Белата палата.

Па и Мицкоски, како што вели самиот, единствениот стои на браникот на криминалот. Тој ги брани членовите на поранешното и дел од актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои се обвинети и осудени за тешки кривични дела.

ВМРО-ДПМНЕ може да се обидува да конструира случаи, но тоа нема да го промени фактот дека стојат во одбрана на криминалот.

Се додека ВМРО-ДПМНЕ бранат криминал и шират лаги и невистини ќе бидат поразувани од граѓаните.