Двете лица на антиевропската коалиција, партнерите Мицкоски и Апасиев никаде ги нема со денови откако загубија на вонредните локални избори. Не се јавуваат ниту на социјалните медиуми, по шамарот што го добија од граѓаните, кои им упатија јасна и недвосмислена порака дека се против блокади и деструкции, дека сакаат напредок, развој, европска држава и европски вредности, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека Мицкоски и Апасиев не знаат како да објаснат дека доживеаја дебакл на првото изборно соочување со СДСМ, откако на чело на партијата е Ковачевски. Не знаат да објаснат како тоа во три општини не усепаја да освојат ниту половина од гласовите кои ги освои СДСМ.

Не знаат како да објаснат дека сите нарачани анкети на ВМРО-ДПМНЕ се лажни и неточни. Затоа Мицкоски и Апасиев со денови никаде ги нема, се вели во соопштението.