Соопштение на СДСМ:
Криминална власт на ВМРО го доведе во хаос здравствениот систем, а цената ја плаќаат граѓаните со најскапото нешто.
Хаосот што го направи Клековски, го доведува во ризик и здравјето и животот на граѓаните.
Во 21 век кога светот оди напред со иновации и технологии во здравство, кај нас не работат основни медицински апарати неопходни за итни случаи.
Три недели не работи ниту еден компјутерски томограф во Клиничкиот центар.
Три недели пациенти чекаат, за преглед, ама болеста не чека.
Во изминатите две години Пет скенот не работи, иако е неопходен за онколошките пациенти. Се распита, не работеше па проработе само два дена и пак се расипа.
А пациентите чекаат и по пет месеци за Пет скен.
Минатата години се дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка – ова е поразителна бројка.
Неколку пати онколошките пациенти беа оставени со месеци без потребната терапија поради административна неодговорност и
незаинтересираност на оваа власт.
Секое доцнење на терапија, преглед за овие онколошките пациенти значи прашање на живот.
Дел од клиниките функционираат со по една операциона сала, со медицински апарати кои еден ден работат, еден ден не работат, со недостиг на медицински персонал.
Граѓаните лутаат од една во друга болница, чекаат со месеци за прегледи и дијагностика, на редовно платено здравствено осигурување.
Над 5.000 луѓе се отруја во Гостивар поради тотално потфрлање на Мицкоски и Клековски.
До денеска никој не одговара, а не се објавува ниту резултат за водата во над 50 населени места.
Оваа криминална влада потфрли на најважното – заштита на здравјето на граѓаните.
Одговорност мора да има, оставка од Клековски.