Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ во сите изминати години, немаат направено ништо за македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Напротив, ја користат секоја прилика да шират лажни вести и хистерија на штета на националните и државни интереси.

Така беше и за европскиот предлог, така беше и при потпишувањето на Договорот со Фронтекс, така е и сега кога германскиот парламент усвои Резолуција за македонскиот јазик, а слични такви документи се најавуваат и од други стратешки партнери на државата.

За разлика од нив, СДСМ преку одговорни, државнички одлуки обезбеди отворање на европскиот пат и дополнителна афирмација и заштита на македонскиот јазик и идентитет, на македонската посебност.

Мицкоски и ДПМНЕ имаат шанса да се приклучат на европскиот блок, се што треба е откако беа прифатени сите нивни услови, да состават свој тим кој ќе учествува во процесот на носење на уставните измени.