Фејсбук на Сања Лукаревска:

Денес на терен во Старо Нагоричане, заедно со претседателот на Градската организација на СДСМ, Александар Бајдевски направивме увид во штетите што ги направија пожарите, особено во Челопек. Потресни се сведоштвата, траумите, личните и семејни загуби кои ги претрпуваат жителите кои се соочија и сеуште се соочуваат со огнените јазици. Упатувам огромна благодарност за пожртвуваноста на пожарникарите, армијата, домашните и странските волонтери, жителите, кои демонстрираа голема храброст, решителност и заедно со кризниот штаб се справуваат со пожарите. Помошта од соседните земји и нашите сојузници од ЕУ и НАТО е чин на највисока солидарност која никогаш не смее да се заборави. Како еден од носителите на пратеничката листа од оваа ИЕ на минатите парламентарни избори ќе се заложам за што е можно побрзо санирање на штетите.

Со порака за зачувувањето на вредностите на солидарна држава и солидарно македонско општество, сите заеднички ќе ја надоместиме штетата во Старо Нагоричане и низ целата земја.

Ваквите кризи се лекција дека човечноста, солидарноста, единството се поважни од етничките, верските и политички разлики.