Регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Грција го поттикна интересот за учење на јазикот меѓу младите
Vestiplus.mk
+КултураМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Грција го поттикна интересот за учење на јазикот меѓу младите

Победата извојувана во грчките судови и регистацијата на Центарот за македонски јазик го поттикна интересот за учење на македонскиот јазик меѓу младите и ги охрабри да се организираат во културно-уметнички друштва, смета Пандо Ашлаков по грчки Панајот Анастасијадис, од Овчарани, во изјава за серијалот „Три дена во Лерин и Мала Преспа“ на порталот „Рацин.мк“.
Тој додава дека ова е гаранција дека нема да го загубиме македонскиот јазик.

„Јас сум горд зашто младите почнуваат да бараат, да се прашуваат зошто татко ми и мајка ми го говорат тој јазик. И затоа, колку и да велиме дека го губиме јазикот, сега велам нема да го изгубиме оти ќе го учиме. Сакаат не сакаат Грците, мора да ни дадат дозвола да го учиме јазикот. Македонскиот јазик, уверен е“ вели Пандо.

Професорката Александра Јоаниду, од Факултетот за балкански, славистички и ориентални студии на Универзитетот во Солун во нејзиното интервју за серијалот „Три дена во Лерин и Мала Преспа“ на порталот „Рацин.мк“ формирањето на Центарот за македонски јазик го оценува како многу позитивна работа и истакнува дека таа и нејзините колеги 25 години се соочувале со бројни предрасуди.

„Се справувавме со многу предрасуди, со национализам. Мислам дека јас и мојата генерација во Грција всушност ги посветивме нашите животи во борбата против национализмот. Ако нашите родители се бореа со фашизмот, ние се боревме со национализмот, коишто не се многу далеку еден од друг“ укажува професорката Александра Јоаниду.

Како што кажува професорката формирањето на Центарот за македонски јазик е историски настан, а судијката којашто ја донесе таа одлука е многу храбра и посебна судијка.

Можеби ќе ве интересира...

Казни за 146 возачи во Скопје, 15 за брзо возење

Vesti +

Претреси во Градец – проанјдена дрога

В+

Ковачевски: Низ отворен дијалог до македонски модел на уставни измени и забрзана евроинтеграција

Vesti +

Ковачевски – Дефа: Поддршка во економскиот напредок на Северна Македонија

В+

(Видео) Украинците со дрон уништија цел руски конвој

Vesti +

Анѓушев: Потребни се батериските системи, бидејќи ќе мора да ги извезуваме вишоците од фотоволтаици

Vesti +