На 30.08.2022 полициски службеници од Полициската канцеларија Градско ги лишиле од слобода Х.В.(33) и Е.В (27), двајцата од Кавадарци. Тие се сомничат дека ноќта помеѓу 29 и 30.08.2022 од дворот на Г.М.(66) од Кавадарци го одзеле неговото патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, во кое имало и риболовна опрема.

Одземените предмети и возилото биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.